Почитувани студенти и колеги,

Ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на демо-денот за предметот Претприемништво за 2025 година. Демо-денот е отворен настан и ќе се одржи во среда, 21 мај, со почеток во 17:00 часот во Нетавил.

На демо-денот ќе бидат претставени 10 стартап идеи од студенти, на кои тие работеа во текот на семестарот. Идеите ќе бидат презентирани пред искусно жири составено од членови на стартап заедницата. Секој тим ќе има 5 минути за презентација, по што ќе следуваат 5 минути за прашања од страна на жирито.

На почетокот од демо-денот ќе биде претставен EIT-HEI проектот TechSight, кој има за цел да поттикне креирање на DeepTech стартапи од страна на студентите и истражувачите преку користење на Future Thinking методологија.

0