Почитувани студенти,

Ве известуваме дека можете да поднесете молба за промена на студиска програма преку системот molbi.finki.ukim.mk.

Рокот за поднесување молби е од 22.02.2025 00:00 часот до 31.08.2025 23:59 часот.

При креирање на молбата, најпрво се избира студиската програма на која студентот е запишан во моментот на префрлување, а потоа студиската програма на која сака да се префрли.