index_1.jpg

Почитувани студенти,

Почнувајќи од денес (среда, 26.10.2022) процесот на издавање на годишни/месечни карти за јавен превоз е значително олеснет со користење на електронски потврди.

На билетарата на ЈСП која се наоѓа кај Педагошка (карши Хотел Карпош) можете да извадите ЈСП билет без да носите хартиена потврда за редовен студент.

Останат документ кој се потребен е само стандардното барање за билет од ЈСП - индекс не е потребен.

Во иднина врз база на соработката со ЈСП - Скопје, ФИНКИ планира е оваа функционалност да биде достапна и на другите локации.