american.jpg  finki.pngukim.jpglogo_1.jpglogo_2.jpg

ФИНКИ, во рамки на предметот Медиуми и Комуникации, заедно со Факултетот за Драмски уметности ќе бидат домаќини на Шин Блум (Sean Bloom) и Марци Кампос (Martzi Campos) од Универзитетот на Јужна Калифорнија, кои ќе одржат отворени онлајн предавања на тема на дизајн на игри. 

Шин Блум и Марци Кампос се експерти од Лабораторијата за игри при Факултетот за драмски уметности од Универзитетот на Јужна Калифорнија, а нивното гостување е со поддршка на American Film Showcase и амбасадата на САД во Р.С. Македонија. Тие ќе зборуваат за креирање на карактери во игри, развој на нивоа во игри и раскажување на приказни преку игри. Фокус ќе биде ставен на игри што креираат позитивен општествен импакт.

American Film Showcase е дел од голем број наградувани документарни и независни филмови во изминатите години. 

Датумите на предавањата се вторник 13 април и вторник 20 април. Предавањата почнуваат во 19:00 часот по македонско време и можат да се следат на следните линкови:

Предавање вторник 13 април, 19 часот

Предавање вторник 20 април, 19 часот
 

Двете предавања ќе се одржат преку ZOOM платформата. 

Meeting ID: 388 998 2398
Passcode: 332211 

0