Rails Girls работилницата по трет пат се организира во Македонија.

Целта на овие светски познати работилници е да бидат влезна точка за што повеќе девојки во светот на технологијата, програмирањето и развојот на веб технологии. Настанот е бесплатен, а учесничките треба да имаат основно познавање од работа со компјутер и да донесат сопствен лаптоп. Rails Girls Skopje 2020 ќе се одржи на 10ти и 11ти април во просториите на Web Factory.

За настанот, работилницата и Rails Girls во светот и годинава поразговаравме со Мариана ЈаневскаИвана Спасова и Михајло Штерјов, организаторите на Rails Girls.

Апликациите се отворени за програмери кои се заинтересирани да помогнат како ментори, и секако за учесници кои сакаат да се приклучат како учесници на настанот. Настанот ќе биде на македонски и англиски јазик.

Сите кои сакаат да помогнат како ментори и да го споделат ентузијазмот за програмерство потребно е да ја пополнат следнава форма.

Доколку сакате да се пријавите како учесник, аплицирајте тука.

Работилницата е закажана на 10 и 11 Април, во просториите на Web Factory LLC. За сите новости и информации следете ги Rail Girls Skopje, на друштвените мрежи: TwitterFacebookInstagram!

 

Дополнителни информации може да се најдат на следниот линк.

1