Имаш идеи, претприемачки способности, сакаш да се натпреваруваш и дружиш? Тогаш GET IN THE RING ХАКАТОН 2020 е идеалниот старт-ап хакатон за тебе и твојот тим!

Што е GITR?

GITR е старт-ап настан преку кој се доближуваат новитетите на маркетот и потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Целта на овој настан е преку помош на луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да поттикнат стимул за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им помогнат во понатамошен раст и развој.

Оваа година, GITR ќе биде тридневен хакатон од 13 до 15 март, а темите на развивање идеи ќе бидат од отворен карактер, а освен тоа:

Секој може да се пријави индивидуално или во тим (тимот може да биде составен од максимум 4 лица)
Секој може да се пријави без разлика на годините, односно право на учество имаат сите, без разлика дали се студенти или не, вработени или невработени, односно без разлика на нивната возраст.

По завршување на пријавниот рок ќе се изврши селекција, а најмногу 20 тимови ќе бидат дел од Хакатонот. Во втората фаза од селекции, односно во полуфиналниот дел, обезбедивме место за 6 тима, кои ќе се натпреваруваат за во финале. Во финалето ќе влезат најдобрите 3 идеи.

Во склоп на хакатонот ќе има и панел дискусија које ќе биде поврзана со темата на настанот. Завршувањето на настанот и дружење со победниците ќе го одбележиме со забава на која ќе имате можност да се дружите со луѓе кои имаат слични идеи и размислувања како вашите, но и да ја проширите вашата мрежа на контакти.

Апликација за пријавување: https://forms.gle/JH74axFRucoh4nGw6

85237253_166139854832647_2533241560233934848_n6327_2.jpg

Аплицирањето трае од 30 јануари до 27 февруари, 2020 година

 

 

0