Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием  во првиот уписен рок ќе се изврши на 07.09.2018 и 10.09.2018 од 09:00 - 14:30 часот во просториите на ФИНКИ.

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, на местата кои ќе останат слободни.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2018/2019

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:

 

1.         Индекс и студентска легитимација

2.         Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)

3.         Образец за запишување на семестар, со административна такса од  50,00 денари (платена со уплатница  или преку СМС )

            i.          Листа на предмети  според насоки кои се пополнуваат во образецот.

4.         Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ШВ. 20)

5.         Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија (пример уплатница), односно 50 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија кај кандидатите примени во државна квота на кандидат чие родителско право го врши само еден родител  

            i.          Договор за студирање во државна квота во два примероци

            ii.         Договор за студирање во државна квота на кандидат чие родителско право го врши само еден родител во два примероци

6.         Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија (пример уплатница ), односно 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија кај кандидатите примени во квота со кофинансирање на кандидат чие родителско право го врши само еден родител, како и 

            i.          Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање

            ii.         Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци

            iii.        Договор за студирање во квота со кофинансирање на кандидат чие родителско право го врши само еден родител во два примероци

7.         Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница )

8.         Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница ).

 

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка 

•           Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје

•           Банка на примачот: НБРМ

•           Сметка: 100000000063095

•           Сметка на буџетски корисник:  160016170078813 

•           Приходна шифра: 723012

•           Програма 41

 

 

Сите примени кандидати документите за упис ги поднесуваат на 07.09.2018 и 10.09.2018 од 09:00 до 14:30 часот во просторија 117 на ФИНКИ.

 

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2018/2019, поднесените документи можат да ги повлечат на 07.09.2018 и 10.09.2018 (09 - 14:30 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.

 

Напомена за стипендистите

Сите кандидати кои имаат добиено потврди за стипендии од ФИНКИ, а не ги приложиле во документите за пријавување, потребно е истите да ги донесат при уписот на 07.09.2018 и 10.09.2018 година. 

Сите кандидати кои немаат ваков документ, а имаат награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика и не ги предале при пријавувањето, потребно е да ги донесат дипломите при уписот на 07.09.2018 и 10.09.2018 година и во рок од 30 минути по разледувањето на документите ќе добијат одговор од комисијата дали ќе добијат ослободување од плаќање партиципација и дали тоа ќе биде целосно или делумно. Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00.

Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2018/2019 година. Списокот со овие студенти  е поставен овде. Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.