БЕСТ Скопје во соработка со ФИНКИ организираат летен академски курс на тема веб дизајн. Курсот ќе се оддржи од 27 јуни до 7 јули, и на него ќе присуствуваат околу 25 студенти од цела Европа. Освен интернационални студенти, на курсот ќе може да присуствуваат и студенти од УКИМ.

На курсот ќе имате шанса да слушате предавања од искусни професори од ФИНКИ и претставници на врвни компании кои се блиски со темата.

Доколку имате желба за едно прекрасно летно искуство, можете да аплицирате како локални учесници на курсот со пополнување на оваа форма до 10 јуни.

 

Сепак, летниот академски курс не е само од образовен,туку и од културен карактер. Културното значење на курсот е во разновидноста на културите и традициите кои европските учесници ги претставуваат.

Овој настан ни помага подобро да се запознаеме меѓусебно, но исто така ни овозможува ширење на нови пријателства и незаборавни доживувања и спомени низ цела Европа.

 

Доколку имате некои прашања контактирајте не на skopje@BEST.eu.org.

1