Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2017/2018 година. Листата можете да ја најдете на порталот за идни студенти на ФИНКИ, во делот Документи, или на овој линк.
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 05.09.2017 од 10:00 часот, најдоцна до 06.09.2017 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. 

Техничките пропусти се однесуваат на:
Печатна грешка на лични податоци
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање, избор на специјални услови или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје. 

Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.