Министерството за информатичко општество и администрација преку соработка со компанијата Huawei обезбеди можност да се наградат петте најдобри студенти од ИТ факултетите при државните и приватните универзитети во Република Македонија. Станува збор за студиската програма „Seeds for the Future" која компанијата Huawei ja спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата. Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата Huawei.

Студентите може да аплицираат доколку ги исполнуваат следните критериуми:

  • Студенти на државни и приватни високообразовни установи во Република Македонија, кои се акредитирани од страна на Одборот за акредирација и евалуација на високото образование и имаат решение за почеток на работа издадено од страна на Министерството за образование и наука и кои се запишани на студиските програми од областа информатика и телекомуникации
  • Имаат просек над 8,5
  • Имаат најмалку 150 кредити, a најмногу 230
  • 3апишани пo прв пат на студии после 2013 година
  • He ce постари од 30 години

Секој студент може да аплицира со скениран пасош и скенирано уверение за положени испити каде се дадени бројот на положени испити, просек на добиените оцени, дополнителни активности за време на студирањето и вкупниот број на кредити, a пратени на маил apliciraj@mioa.gov.mk до 27.06.2017 година 23:59 часот.

Предност ќе имаат студентите кои доаѓаат од универзитетите во Република Mакедoнија со пoвисок ранг според последнoтo оценување од шангајската листа 2015 - 2016 година.

При фoрмирањето на листата со апликации, студентите ќе добијат:

  • до 19 поени во зависност од универзитетот на кој студираат, a во сoгласност со последното oценување од Шангајската листа 2015 - 2016 година
  • најмногу 41 поен ќе добијат во зависнoст од просекот
  • најмногу 40 поени во зависност од бројот на положени испити.

За секоја дополнителна активност на студентот, за која факултетот има доделено дополнителни кредити, студентот ќе добие еден поен. Доколку двајца студенти имаат исти број на поени, во финалното одлучување предност ќе има помладиот кандидат. 

Комисијата за избор, составена од членови на министерството и компанијата Huawei, на 28.06.2017 година ќе ги разгледа сите апликации и до 30.06.2017 година ќе ги објави резултатите на веб страната на Министерството за информатичко општество и администрација.

Од доставените апликации комисијата ќе ги одбере најдобрите пет студенти, согласно наведените критериуми, кои во периодот 13-26 Август 2017 години ќе бидат дел од програмата „Seeds for the Future" во Пекинг и Шенжен, HP Кина.