На 21-22.04, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија, ќе се одржи XXI Македонската олимпијада по информатика. Олимпијадата е врвниот натпревар на кој учествуваат најдобрите 20 учесници од циклусот натпревари по информатика за учениците од средното и основното образование.
 
ФИНКИ, како најдобриот факултет за информатика во Македонија и традиционален поддржувач на натпреварите по информатика и годинава ќе ги пречека победниците на циклусот натпревари, кои натпреварувањето за влез во тимовите што ја претставуваат Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика и Балканската олимпијада по информатика ќе го одржат во лабораториите на ФИНКИ и просториите на компанијата Сорсикс.
 
Повеќе информации за настанот може да се најдат на следниот линк.
 
17759725_1337146829666926_4467302200138302205_n.jpg
0