Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање  и правење на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на голем број локации низ целиот свет во вид на 48­ часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2016 година Global Game Jam се одржа на 611 локации во 93 земји и беа создадени преку 6866 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола, а од оваа година и во Охрид. Oрганизиратор е Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА. Во изминатите три години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 800 учесници – ентузијасти, средношколци, студенти и професионалци од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење, остваруваат контакти и да се дружат и играат. Досега се создадени 104 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

ggjm2013-1.jpg

Во 2016, Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam во Скопје и Битола го организира МАГДА (Македонска Асоцијација за развивање на игри), а оваа година ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје и Совет на Општина Битола во Битола. Учесниците се од сите профили: цртачи, музичари, 3д моделери, програмери, гизајнери и саунд инженери па се до љубители на игри. За сите учесници обезбеден е непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа и простор за рекреација и одмор. Во текот на работата ментори од компанијата ShadowGrid ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.

ggjm2016.jpg

Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на следната web страна: http://gamejam.mk

 

0