Втор циклус студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2018/19 година, во тек е упис на студенти во вториот уписен рок, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во периодот од 8 јануари до  22 февруари 2019 година  секој работен ден од 9 до 14.30 часот.

Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.

НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ. 

 

Заинтересираните кандидати ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
Стари студиски програми од втор циклус на ФИНКИ од 2013 година (3+1+1)
 
Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.
 
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
 
Условите кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат за да се запишат на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Услови.