Додипломски студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2017/18 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 17-ти и 18-ти август 2017 година (9:00 - 14.30 часот). Пријавувањето за вториот уписен рок на ФИНКИ ќе се одржи на 4-ти септември 2017 година, а пријавувањето за третиот уписен рок на 15-ти септември 2017 година.
 
На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование. 
 
Потребните екстерни и интерни предмети за запишување на ФИНКИ, како и начинот на пресметување на поените, се дадени во делот Потребни предмети.
 
Потребните документи потребни за запишување на ФИНКИ се дадени во делот Потребни документи
 
За пресметка на бодовите од матура со кои можете да конкурирате во уписните рокови, можете да го користите online калкулаторот кој е дел од Порталот за идни студенти на ФИНКИ.
 
 
 
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2017/2018 година ќе запише вкупно 940 студенти. Заинтересираните матуранти ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
 
Студиски програми од прв циклус на ФИНКИ
 
Официјални информации за акредитацијата на студиските програми се објавени од Министерството за образование и наука, а точната распределба на слободни места во секоја од нив може да се погледне во делот Квоти.