Почитувани студенти, ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на предавањето за примена на современи информатички технологии за иновација на образованието.

Предавањето со наслов „Бабини игри“ ќе го одржат Марина Василева и Добри Јовески, носителите на втората награда на глобалниот натпревар организиран од страна на „Microsoft Partners in Learning', во кое учествуваа илјадници тимови од целиот свет. Правото на учество на натпреварот го добија освојуваќи го првото место во Европа.

Предавањето ќе се одржи во вторник, 13.12.2011 година, во 11:00 часот во амфитеатарот на ТМФ.