Search results

Компанијата LiveDOOH Signkick објавува оглас за вработување.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

1

Преку програмата A1 WayUp во потрага сме по 8 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, со познавање од областа на Data science и Data analytics кои во А1 Македонија ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења, практична работа и искуство.

Учесниците ќе имаат можност веднаш да ја започнат својата кариера преку работа на реални проекти поврзани со обработка на Data заедно со нашите искусни тимови од кои ќе добијат целосна поддршка и едукација за да ги усовршат своите знаења.

Периодот за аплицирање трае од 12 август до 3 септември 2021 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за еден од осумте проекти предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши согласно потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.

Програмата е платена и трае една година, со полно работно време од 40 часа, а можат да се пријават дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии. Кандидатите кои ќе работат како дел од тимот за Data science потребно е да имаат основно познавање на концептите за машинско учење, SQL и Python, додека делот Data analytics е наменет за кандидатите кои уживаат да работат со бројки, организирање и толкување статистички податоци и кои сакаат да работат на проекти поврзани со финансии, маркетинг автоматизација, логистика и набавки и секако анализа на податоци за корисничко искуство.

Целта на A1 Way up е да им пружи на младите богато работно искуство исполнето со предизвици во една од најактуелните теми на денешницата – DATA. Веруваме дека оваа програма би била интересна за Вашите студенти, па затоа би сакале да ве замолиме да ги известите преку вашите канали за комуникација и да ги мотивирате да аплицираат за истата.

 

Сите заинтересирани кандидати може да се пројават на следниот линк и да започнат со A1 Way Up.

1

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за септемвриска испитна сесија 2020/2021 година ќе се одвива во периодот од 13.08.2021 – 23.08.2021 година.

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow.

Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата:  http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата  http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.

Хартиени пријави за положените испити ќе се носат заедно со документите за упис на зимски семeстар 2021/2022.

Friday, August 13, 2021

Почитувани студенти,

 

Ве известуваме дека од 31.08.2021 до 03.09.2021 студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.

Издавање исписница од Факултетот ќе може да се извади најдоцна до 30.08.2021 година.

За издавање на останати потврди ќе работи само службата во конференциска сала на ТМФ.

Friday, August 13, 2021

Адријана Темелковска

Име и презиме: 
Адријана Темелковска
Наслов: 
Емулација на техники за безбедносни упади и заштита
Датум: 
Thursday, August 19, 2021 - 11:00
Ве покануваме на онлајн отворениот ден на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство на 19.8.2021 од 12:00 на Microsoft Teams. 
Ќе бидат презентирани студиските програми на ФИНКИ како и можностите кои ФИНКИ ги нуди за вашето професионално и лично усовршување. Настанот е дел од отворениот ден на УКИМ за кој можете да најдете повеќе информации на линкот.
1

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека сите студенти кои немаат техничка можност да полагаат испити и сакаат да полагаат од просториите на факултетот, истото треба да го најават на rasporedi@finki.ukim.mk при што во пораката обавезно треба да пратат број на индекс и список на предмети кои ќе ги полагаат во испитната сесија. Студентите треба да го пратат ова најдоцна до 22.08.2021 година до 10:00 часот.

Исто така, студентите треба да ја пополнат и потпишат изјавата на линкот и да ја пратат како прилог на поракатa на rasporedi@finki.ukim.mk

Thursday, August 19, 2021
Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестар рокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година.
Пријавувањето ќе се одвива исклучиво по електронски пат.
 
По истекувањето на роковите за пријавување Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат.
 
Ги повикуваме сите студенти кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран оброк
 
1.    Кои се државјани на Република Северна Македонија;
 
2.    Кои се редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети:
 
3.    Кои не се во редовен работен однос;
 
4.    Кои не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
 
5.    Кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.
 
Линк до јавниот повик за пријавување: https://mon.gov.mk/content/?id=4174
 
Wednesday, August 25, 2021

Методија Новковски

Име и презиме: 
Методија Новковски
Наслов: 
Comparison of repeated envelope game simulations in different network environments
Датум: 
Monday, August 30, 2021 - 13:00

Давор Трифунов

Име и презиме: 
Давор Трифунов
Наслов: 
Придонес кон зголемување на комуникациските способности на деца со Даунов синдром
Датум: 
Friday, September 3, 2021 - 12:00