Search results

Во среда, на 11ти март, со почеток во 11.00 часот во хотел Александар Палас во Скопје, ќе се одржи седмата од серија јавни трибини за Дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија.

На трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација.

Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

За дигитализацијата на земјата ќе говорат:

1. Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација

2. Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје

3. Сања Лукаревска, директорка на УЈП

4. Зоран Лазаревски, член на УО на МАСИТ

5. проф. д-р Анастас Мишев професор на ФИНКИ.

Ве покануваме да присуствувате и да дадете свој придонес кон јавната трибина.

1

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерствo во соработка со Факултетското студентско собрание на ФИНКИ, распишува интерен оглас за избор на лица кои ќе помагаат при изведување на лабораториски вежби за предметите од прва година.

На огласот може да се пријават актуелни студенти кои треба да бидат на располагање на Факултетот во било кое време во зависност од распоредот на часови. Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV со вклучени контакт информации, број на индекс и детали за студиите) како и листа на предмети од втор семестар (прва година) за кои се заинтересирани да држат менторски лабораториски вежби.

Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. 

Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса arhiva@finki.ukim.mk со тема "[Mentorski-vezbi] Prijava na konkurs", најдоцна до среда, 12.3.2020 година до 12:00 часот.

Tuesday, March 10, 2020

Почитувани студенти,

Рокот за одбрана на дипломскиот труд е продолжен до 10.04.2020 година.

Tuesday, March 10, 2020

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно одлука на Владата (https://vlada.mk/node/20446), во наредните 14 денови нема да се одвива настава на ФИНКИ. Воедно ве извстуваме дека студентската служба на факултетот нема да работи во наредните 14 дена. Сите закажани рокови се продолжуваат за 14 дена, а сите планирани настани и активности на Факултетот се одложуваат за неодредено време (вклучувајќи јавни одбрани на дипломски, магистерски и докторски работи).

Доколку има дополнителни насоки, за истите ќе бидете навремено известени.

Со почит,

ФИНКИ 

 

Tuesday, March 10, 2020

Почитувани студенти,
 
Ве известуваме дека од Вторник, 17.03.2020 година, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство продолжува со изведување на наставата преку системи за далечинско учење. Наставата ќе се изведува користејќи го видео конференцискиот систем кој е имплементиран во студентскиот сервис Courses.
Согласно распоредот на часови ќе можете да се најавите на курсот во терминот кој е одреден и да следите настава.
 
Детално упатство за начинот на изведување и следење на настава ќе биде дополнително доставен.
 
Со почит,
 
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје.

Friday, March 13, 2020

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно одлука на Владата (https://vlada.mk/node/20446), сите предходно донесени заклучоци, за кои бевте известени, а со кои се даваат мерки, препораки и насоки, се продолжуваат и важат до завршување на периодот на постоење на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Доколку има дополнителни насоки, за истите ќе бидете навремено известени.

Со почит,

ФИНКИ 

Tuesday, March 24, 2020
Денес, 31.03.2020, со почеток во 16:00 часот, ќе се одржи завршиот онлајн настан на натпреварот CyberMK. Настанот, кој ќе вклучува и прогласување на победниците, можете да го следите на https://youtube.com/aecmkd
 
Wednesday, April 1, 2020

Почитувани,

На следниот линк можете да го видите известувањето околу можноста за одбрана на дипломски, магистерски и докторски преку електронскиот систем на Факултетот.

Saturday, April 4, 2020

Pelagus IT, компанија со седиште во Словенија распишува конкурс за практикант / редовно вработување од областа на Web/XML/BigData анализа-трансформации, во канцеларијата за развој на софтвер во Скопје.

 

Ве покануваме да испратите C.V. на: info@pelagus-it.com.

 

Избраните кандидати ке ги поканиме на разговор.

Би сакале да ни се придружат позитивни, високо мотивирани личности, со желба за личен напредок и дологорочна соработка, кои поседуваат што повеќе од следните знаења:

- високо аналитично раѕмислување

- основни познавања од XML, XQuery

- основни познавања од мрежна технологија (уреди, сервиси и протоколи)

- основни познавања од back-end технологии и алатки: Python, Java, Spring, JPA

- основни познавања од Linux

- пожелно познавање на front-end технологии: JavaScript, TypeScript, CSS исл.

- пожелно познавање на релациски бази како Oracle, SQL Server и MySql

 

Нудиме:

- пријатна работна околина

- менторски организирана работа со можност за широк техничен напредок

- работа на интернационални проекти од различни домени (телеком, паркинг, транспорт, логистика, e-commerce...)

- компетитивно наградување во зависност од напредокот и постигнатите резултати

1