Search results

Филип Димовски

Име и презиме: 
Филип Димовски
Наслов: 
Тестирање на софтвер развиван користејќи Agile методологии
Датум: 
Friday, December 9, 2022 - 14:00

На ден 19.12.2022г (Понеделник) со почеток во 11:00ч во Амфитеатар на ФИНКИ, претставници на групацијата Лимак ќе одржат презентација на иницијативата GEG и ќе ги претстават можностите за парични стипендии и менторска поддршка на студентките од Факултетот за информатички науки и инженерство

Групацијата Лимак почнува да ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија, заедно со стратешките партнери - Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.

За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени - инженери.   

Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите.

1_7.jpg

2_6.jpg

3_0.png

0

Филип Петрушевски

Име и презиме: 
Филип Петрушевски
Наслов: 
Компаративна анализа на алатки за тестирање перформанси на веб апликации
Датум: 
Wednesday, December 21, 2022 - 13:00

Ни претставува голема чест да Ве поканиме на предавањето на тема „The myelin-weighted connectome: A new look at neurodegenerative diseases“ што ќе се одржи на 20.12.2022 година со почеток во 13:00 часот од страна на д-р Томи Бошковски.

Предавањето ќе се организира како резултат на заедничката соработка меѓу ИЕЕЕ одделите за копјутери од Естонија, Норвешка, Обединетото Кралство и Ирска, Данска, Полска, Египет, како и одделите за компјутери (C16), едукација, роботика и автоматика, системи, човек и кибернетика (E25/RA24/SMC28), телекомуникации (COM19), теорија на информации (IT12), здружениот оддел за процесирање на сигнали и инженерство во медицината и биологијата (SP01/EMB18), афинитетната група на доживотни членови на ИЕЕЕ, (LM80077) при македонската секција на ИЕЕЕ, како и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Факултетот за Електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) и групата Data Science Macedonia. 

Повеќе информации за настанот, темата и предавачот може да најдете на овој линk

0

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јануарска испитна сесија 2022/2023 година ќе се одвива во периодот од 20.12.2022 – 14.01.2023 година.

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow.

Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата:  http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата  http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.

 

Tuesday, December 20, 2022

Компанијата Loka (loka.com) објавува пракса за Data Engineers за студентите на Финки. Во текот на праксата студентите ќе се запознаат со алатки за работа со големи податоци (Big Data) и ќе се усовршат во ETL (extract, transform, load) процесите за користење на податоците во реални апликации. За таа цел ќе се користат мноштво од AWS алатки за внес на податоци со Glue, Kinesis, Elastic Map Reduce и open source алатките Spark, Beam и Airflow, чување на податоци со Redshift и S3/Parquet и визуелизација со Athena и QuickSight.
По завршување на праксата ќе знаете да дизајнирате и имплементирате системи за работа со големи податоци во полиња како machine learning, life sciences и medicine.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниот email: hx@loka.com

1

Мартин Врангаловски

Име и презиме: 
Мартин Врангаловски
Наслов: 
Предвидување и анализа на цената на електрична енергија на берзата​ Hupx со користење на модели од машинско учење
Датум: 
Friday, December 23, 2022 - 10:30

Дарко Ристевски

Име и презиме: 
Дарко Ристевски
Наслов: 
Апликација за унапредување на работата во угостителски објекти
Датум: 
Friday, December 23, 2022 - 14:00

Ана Матеска

Име и презиме: 
Ана Матеска
Наслов: 
Веб апликација за менаџирање на лични финансии
Датум: 
Thursday, December 29, 2022 - 09:00

Елизабета Георгиевска

Име и презиме: 
Елизабета Георгиевска
Наслов: 
Е-образование – примена на ИКТ и интернет во образованието
Датум: 
Thursday, December 29, 2022 - 12:15