Search results

Давид Трпчевски

Име и презиме: 
Давид Трпчевски
Наслов: 
Мобилна апликација за избор и поставување на позадини
Датум: 
Friday, July 15, 2022 - 13:30

Марија Зимбаковска

Име и презиме: 
Марија Зимбаковска
Наслов: 
Веб апликација за менаџирање на сметки и трошоци
Датум: 
Thursday, July 21, 2022 - 18:00

Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на шест (6) извршители, и тоа:

 

      Три (3) извршители во Дирекцијата за информациска технологија на определено време во траење од 2 години, од кои:

  •       1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи;
  •       1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС и
  •       1 извршител на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање.

 

      Три (3) извршители на неопределено време, од кои:

  •       1 извршител на работното место „програмер I степен“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија;
  •       1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика и
  •       1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за монетарни движења во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.

 

Крајниот рок за пријавување на кандидатите ќе биде заклучно со 4 август 2022 година.

Повеќе информации на следниот линк.

 

1

Во iborn.net бараме амбициозни, проактивни и талентирани инженери кои сакаат да ја градат својата кариера во :

  1. развој на софтвер https://bit.ly/3PnZWr8
  2. квалитет на софтвер https://bit.ly/3uEGMoE

Нашата структурирана практикантска програма, овозможува учење, но и растење и надоградба преку работа на вистински проекти што значат предизвик и напредок за индустријата и за индивидуата.

1

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека сите студенти кои немаат техничка можност да полагаат испити и сакаат да полагаат од просториите на факултетот, истото треба да го најават на https://forms.office.com/r/uLVZmNanMs најдоцна до 14.08.2022 година.

Пријавувањето важи само за предметите кое се полагаат online.

Исто така, студентите треба да ја пополнат и потпишат изјавата на линкот и да ја прикачат под точка број 4.

Thursday, June 9, 2022

Викторија Петровска

Име и презиме: 
Викторија Петровска
Наслов: 
Анализа на алатките за автоматско тестирање
Датум: 
Monday, August 15, 2022 - 11:00

Едвин Лековиќ

Име и презиме: 
Едвин Лековиќ
Наслов: 
Веб платформа за подобрување на ментална благосостојба
Датум: 
Friday, July 22, 2022 - 12:00

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за септемвриска испитна сесија 2021/2022 година ќе се одвива во периодот од 11.08.2022 – 20.08.2022 година.

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow.

Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата:  http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата  http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.

Хартиени пријави за положените испити ќе се носат заедно со документите за упис на зимски семeстар 2022/2023.

Thursday, August 11, 2022

Почитувани студенти,

 

Ве известуваме дека на 30.08.2022 и 31.08.2022 студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.

Издавање исписница од Факултетот ќе може да се извади најдоцна до 29.08.2022 година.

За издавање на останати потврди ќе работи само службата во конференциска сала на ТМФ.

Thursday, August 11, 2022

ОКТА АД - Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) доделува една стипендија на студентите кои во учебната 2022/2023 година првпат се запишуваат на втор циклус студии на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) - Скопје, на една од следните студиски програми:

• Компјутерски науки
• Софтверско инженерство

Подетални информации може да добиете на следниот линк.

Пријава за конкурирање.

1