Search results

Компанијата Дата Медикал Софтвер (ДМС) објавува оглас за вработување. Повеќе информации за позицијата и потребните квалификации се достапни во следниов оглас.

1
Почитувани студенти, 
 
Распоредот на часови и распределбата по групи можете да ги најдете на огласна табла.
 
Првичната верзија на распоредот важи за првата недела. Оваа верзија ги вклучува само предавањата за задолжителните предмети. Во текот на неделава ќе биде објавена целосна верзија со вклучени предавања и вежби по сите предмети.
 
Во распоредот на часови кај некои предмети покрај бројот на кабинетот стои назнака (М или Ф). Тоа значи дека тој кабинет се наоѓа во главната зграда на ФЕИТ и МФ.
 
Простории за држење на настава на ТМФ:
117 – на приземје, ходник десно од главниот влез, последна врата од лево (просторијата каде се вршеше запишувањето на ФИНКИ)
114, 115, 116 – на приземје, ходник десно од главниот влез, простории од десна страна
201, 203 – први спрат, десно од скалите, па повторно десно
2XX – први спрат, лево од скалите, па повторно лево
315 – втори спрат, лево од скалите, па повторно лево
301, 302 – втори кат, десно од скалите, па повторно десно
Амфитеатар (Т) - Амфитеатар на ТМФ
Бараки - простории на западната страна на кампусот.
 
Простории за држење настава во зградата на МФ и ФЕИТ:
123(Ф) - прв спрат, десно од скалите
112(Ф) - прв спрат, десно од скалите
223(М) - втор спрат, лево од скалите
225(М) - втор спрат, десно од скалите
310 (М) - трет спрат, лево од скалите 
 
lokacii_na_prostorii.jpg
Monday, October 1, 2018

Компанијата Ассеко СЕЕ  и оваа година организира платена пракса за студенти од завршните години на академските студии од насоката софтверско инжинерство.

Праксата ќе се одржи период од 16.03.2020 до 16.04.2020.

oglas_asseco_03.2020_0.jpg

1

Startup Europe Week - најмасовниот настан за претприемништво во светот ќе има и македонска едиција која ќе се оддржи од 16ти до 20ти Март во Europe Hause Скопје (просториите на Европската Унија). Стефан Митески од Systems for Enterprise и неуморната екипа од Startup Macedonia се одговорни за македонската едиција на настанот да биде одлично изведена и занимлива.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

1

Во текот на пролетта 2020 година започнува нов креативен и интересен заеднички проект на Википедија на Северна Македонија подржан од владата на Република Северна Македонија во сорботка со ФИНКИ отворен за сите што се стремат да стекнат знаења, поврзни со подобрување на  содржините, создавање и пишување содржини преку Википедија, можност за понатамошно приклучување во Викимедиините проекти.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

1

Фондација Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација за првпат организира Хакатон за отворени податоци, овозможен преку поддршката на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество и Фондот за иновации и технолошки развој.

Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Креираните алатки ќе треба да ги доближуваат отворените податоци објавени од државните институции до граѓаните.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

1

Имаш идеи, претприемачки способности, сакаш да се натпреваруваш и дружиш? Тогаш GET IN THE RING ХАКАТОН 2020 е идеалниот старт-ап хакатон за тебе и твојот тим!

Што е GITR?

GITR е старт-ап настан преку кој се доближуваат новитетите на маркетот и потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Целта на овој настан е преку помош на луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да поттикнат стимул за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им помогнат во понатамошен раст и развој.

Оваа година, GITR ќе биде тридневен хакатон од 13 до 15 март, а темите на развивање идеи ќе бидат од отворен карактер, а освен тоа:

Секој може да се пријави индивидуално или во тим (тимот може да биде составен од максимум 4 лица)
Секој може да се пријави без разлика на годините, односно право на учество имаат сите, без разлика дали се студенти или не, вработени или невработени, односно без разлика на нивната возраст.

По завршување на пријавниот рок ќе се изврши селекција, а најмногу 20 тимови ќе бидат дел од Хакатонот. Во втората фаза од селекции, односно во полуфиналниот дел, обезбедивме место за 6 тима, кои ќе се натпреваруваат за во финале. Во финалето ќе влезат најдобрите 3 идеи.

Во склоп на хакатонот ќе има и панел дискусија које ќе биде поврзана со темата на настанот. Завршувањето на настанот и дружење со победниците ќе го одбележиме со забава на која ќе имате можност да се дружите со луѓе кои имаат слични идеи и размислувања како вашите, но и да ја проширите вашата мрежа на контакти.

Апликација за пријавување: https://forms.gle/JH74axFRucoh4nGw6

85237253_166139854832647_2533241560233934848_n6327_2.jpg

Аплицирањето трае од 30 јануари до 27 февруари, 2020 година

 

 

0

Рокот за пополнување на анкетите е продолжен до 28.02.2020.

За логирање на системот за анкети треба да ја користите вашата емаил адреса и лозинка на iKnow системот (што го користевте и при уписи). Доколку ја имате заборавено лозинката, истата можете да ја промените во делот заборавена лозинка (https://is.iknow.ukim.mk/Account/ForgotPassword). 
Доколку сакате да се логирате преку CAS со вашиот индекс како корисничко име треба да отворите finki.iknow.ukim.edu.mk, а после успешното логирање во истиот прозорец да се пренасочите кон anketi.finki.ukim.mk.

Friday, February 21, 2020

Новата верзија од распоредот на часови за летниот семестар за учебната 2019/2020 година може да ја најдете на огласна табла.

Оваа верзија на распоредот важи до 28.02.2020.

Sunday, February 23, 2020

Rails Girls работилницата по трет пат се организира во Македонија.

Целта на овие светски познати работилници е да бидат влезна точка за што повеќе девојки во светот на технологијата, програмирањето и развојот на веб технологии. Настанот е бесплатен, а учесничките треба да имаат основно познавање од работа со компјутер и да донесат сопствен лаптоп. Rails Girls Skopje 2020 ќе се одржи на 10ти и 11ти април во просториите на Web Factory.

За настанот, работилницата и Rails Girls во светот и годинава поразговаравме со Мариана ЈаневскаИвана Спасова и Михајло Штерјов, организаторите на Rails Girls.

Апликациите се отворени за програмери кои се заинтересирани да помогнат како ментори, и секако за учесници кои сакаат да се приклучат како учесници на настанот. Настанот ќе биде на македонски и англиски јазик.

Сите кои сакаат да помогнат како ментори и да го споделат ентузијазмот за програмерство потребно е да ја пополнат следнава форма.

Доколку сакате да се пријавите како учесник, аплицирајте тука.

Работилницата е закажана на 10 и 11 Април, во просториите на Web Factory LLC. За сите новости и информации следете ги Rail Girls Skopje, на друштвените мрежи: TwitterFacebookInstagram!

 

Дополнителни информации може да се најдат на следниот линк.

1