Search results

ФИНКИ домаќин на средбата на Работна Група 1 и Работна Група 2 во рамки на LIAISE COST Action

Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) со гордост Ве известува дека е домаќин на средбата на Работна Група 1 и Работна Група 2 во рамки на @liaiseproject!

LIAISE COST Action се фокусира на Индустриска Симбиоза (IS) – иновативен пристап каде отпадот од една индустрија станува суровина за друга. Оваа иницијатива е клучна за напуштање на линеарната економија, поттикнување на одржливо производство и постигнување рамнотежа помеѓу општеството, животната средина и економијата.

Преку соработка и иновации, LIAISE COST Action го отвора патот кон еколошка одржливост и економски придобивки.

https://www.liaise-action.eu/

1

Табови

Дарко Сасански

Ве покануваме на уникатна презентација која ќе ви го открие идниот пат на автоматизацијата и роботизацијата во индустријата!

На 11 март 2025 год. (вторник), во 18 часот, во Големиот амфитеатар А1 на Факултетот за информатички и компјутерски науки (ФИНКИ), Бојан Андоновски, основач на Лекса Роботикс и инженер за роботика со над 20 години меѓународно искуство, ќе ја презентира темата "Роботизација во индустријата".

Бојан има богато искуство во истражување и развој во најпрестижните универзитети и институти за роботика и компјутерска визија ширум светот, како што се NTU во Сингапур, CAS во Сиднеј и TU Dresden во Германија. Неговата експертиза во перцепција, откривање објекти и избегнување пречки со користење на напредни техники за машинско учење, како и иновации во роботиката, го прави еден од водечките експерти во оваа област.

Не пропуштајте ја оваа можност да се запознаете со иднината на автоматизацијата и да дознаете како автономните мобилни роботи ги менуваат индустриите!

0

Студентска служба

Body: 
Студентска служба
Просториите на Студентската служба на ФИНКИ се наоѓаат спроти кабинет 117. 
Студентската служба е достапна за студентите секој работен ден, во период од 09:00 - 12:00 часот.
Информации за референтите кои работат во студентската служба можете да најдете на следниот линк
Контакт
Моб: 070/302-440 (13:00 часот до 15:00 часот )
                

Почитувани, 

Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Промоцијата ќе се одржи во Александар Палас на 28-ми март(петок) со почеток во 12:00 часот

На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2024 година. Дипломираните и магистрираните студенти треба да пристигнат најдоцна до 11:00 часот поради административни и организациски обврски и со нив задолжително да носат лична карта. 
 

Со почит.

Friday, March 28, 2025

Проекти

Body: 

​Project

 

Active international projects

sp4.jpg  Smart Patch for Life Support Systems  - SP4LIFE



 



International projects

 

 

National projects

 

 

Finished international projects

 

 

Finished national projects

Правни акти и документи

ФИНКИ, во соработка со Студентскиот парламент на ФИНКИ (СПФИНКИ), со гордост го поддржува Контакт 2025, најголемиот саем за вработување и пракса во ИТ индустријата! Настанот ќе се одржи од 17 до 20 март 2025 во холот на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ).
Дали си подготвен да го направиш следниот чекор во својата кариера? Контакт 2025 ти овозможува да запознаеш врвни компании, да слушнеш од прва рака какви можности нудат и да стапиш во контакт со потенцијални работодавци!
Што те очекува на Контакт 2025?
  • Саемски дел – Лично запознај ги претставниците на компаниите и дознај какви можности нудат.
  • Онлајн презентации – Следи инспиративни сесии од индустриски експерти и дознај повеќе за најновите технологии.
  • Можности за пракса и вработување – Добиј директен пристап до отворени работни позиции.
  • Вмрежување и нови контакти – Изгради ја својата професионална мрежа уште додека студираш.
Ова е твојата шанса да направиш чекор напред во кариерата и да се поврзеш со водечките компании во ИТ светот!
Зачувај го датумот и подготви се за нови можности!
 

 

1