Search results

Табови

Riste Stojanov Ph.D.

 

Во IT Labs продолжува обуката за Дизајн на чипови со HDL и летово ќе се одржува 1 месечна пракса почнувајќи од 3ти јули. Праксата ќе биде наменета за студенти кои имаат завршено најмалку 2ра година или дипломци од техничките факултети.

 

 

Предуслов за следење на обуката е предзнаење од: 

  • Дизајн на дигитални кола
  • Дискретна математика
  • Електрични кола
  • Компјутерска електроника

Предност при селекцијата би носело: 

  • Успешно положени испити од Напредна електроника
  • Основно разбирање на Хардверска конфигурација со VHDL 

Праксата ќе биде менторирана од експерти во областа, со програма која е наменета да ги запознае студентите со потребните вештини и техники за дизајнирање на HDL базирани системи.

Повеќе информации можете да најдете овде.

Сите заинтересирани студенти можат да аплицираат на следниот линк: https://apply.workable.com/it-labs1/j/D3F634E29D/ или со испраќање на CV до talent@it-labs.com.

1

Компанијата Pelagus IT објавува огласи за пракса и за вработување. Повеќе информации на следните линкови.

Java Fullstack Developer
https://www.pelagus-it.com/jobs/java-fullstack-developer/

Junior Development Program
https://www.pelagus-it.com/jobs/junior-development-program/

1

Табови

Katarina Trojachanec Dineva PhD.

Компанијата Loka (loka.com) ја објавува својата четврта DevOps пракса за студентите на Финки. На праксата се работи на DevOps практики и технологии: Git култура, CI/CD pipelines, Docker, Kubernetes, AWS како Cloud платформa и IaC (Infrastructure as a code). Праксата вклучува теоретско изучување на практиките и практична примена на наведените технологии и Cloud платформи преку имплементирање на комплетен CI/CD pipeline за даден проект со multi environment решение.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниот линк: https://loka.bamboohr.com/careers/169?source=aWQ9Mjg%3D

1

Почитувани,

Во заедничка организација на ФИНКИ и ПМФ-Скопје, од 10-11 Јули, 2023 г. ќе се одржи Работилница на тема “Примена на пресметување со високи перформанси во современата метеорологија ".
Учеството на работилницата е бесплатно и има за цел стекнување иновативно знаење и информации за современиот тренд во развојот на метеорологијата и нумеричката прогноза како и нивната интердисциплинарна примена во општеството.
На работилницата ќе има и интересни теми за компјутерски системи за пресметување со високи перформанси, процесирање на големи податоци (Big data), со примена на системи за симулација и метеорологија.

Во рамките на овој настан ќе биде промовиран веб порталот и мобилната апликација за користење на алатката за алерти на временски непогоди-"NOTHAS".

Воведни обраќања на настанот ќе имаат

  • Проф. д-р Боро Јакимовски, Декан на Финки; и
  • Проф. д-р Александар Скепаровски, Декан на ПМФ.

Свои излагања на работилницата ќе имаат експерти од ФИНКИ и ПМФ.
Ќе ни претставува особено задоволство ако присуствувате на овој настан.

За присуство на настанот потребно е да се регистрирате на следниот линк: https://forms.microsoft.com/r/igZS8mijUP.

Во прилог Ви доставуваме детална агенада за настанот.

 

AttachmentSize
PDF icon Агенда на настанот1.05 MB
0

Студентски натпревар кој не сакате да го пропуштите!

Студентскиот регионален натпревар организиран оваа година од страна на Unija Smart Accounting ќе им даде можност на сите студенти да ги претстават своите иновативни идеи во:

  • Сметководство
  • Консалтинг
  • Информатичка технологија

 

#unijachallenge2023

https://challenge.unija.com/mk/ - тука се сите детали за натпреварот и паричните награди

1

Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на три (3) извршители на определено време во траење од 2 години, на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за ИТ инфраструкура во Дирекцијата за ИТ инфраструктура.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

1