Search results

Јана Серафимовска

Име и презиме: 
Јана Серафимовска
Наслов: 
„Паралелни фразеолошки корпуси“ – портал за приказ и пребарување на македонските фраземи
Датум: 
Thursday, October 6, 2022 - 12:00

codeSTREETS, првиот официјален регистриран партнер на Salesforce во Македонија, нуди бесплатна академија за заинтересирани студенти кои сакаат да ја започнат својата кариера како сертифицирани професионалци за еден од најголемите технолошки гиганти, Salesforce.

 

ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

· За да станете дел од глобалната Salesforce економија вредна трилиони долари

· Да добиете пристап до високоплатени работни позиции ширум светот

· Да работите во глобални тимови составени од врвни Salesforce професионалци

· Да работите на возбудливи проекти во најуспешните европски и светски компании

· Да стекнете знаења и вештини кои нема да застарат следните децении

· Да научите и усовршите нови технологии (Аpex, Lightning Web Components, Aura)

· Да го поддржите светското движење за еднаквост и одржливост

 

ДАТУМ

1 ноември 2022 - 1 февруари 2023

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКАДЕМИЈАТА

100 денови

КAKO ЌЕ СЕ ОДВИВА

Хибридно (онлајн и во канцелариите на codeSTREETS)

УЧЕСНИЦИ

Студенти од ФИНКИ кои се во завршни години од студиите.

БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ

20

НАЧИН НА РАБОТА

Обука за полагање на Salesforce сертификати преку предавања, консултации и практична работа на проекти.

НАЧИН НА ПРИЈАВА

При пријавата за учество студентите треба да испратат CV или LinkedIn профил на career@codestreets.com и да напишат нешто за себе.

ВЕБ СТРАНА: https://codestreets.com/salesforce-developer-from-zero-to-hero.html

 

0
Отворете ја веб страната на системот за помош на ФИНКИ:
 
Пополнете ги бараните податоци (емаил адреса и број на тикет)
  • Е-маил адресата на која сте го добиле тикетот (односно емаилот кој е во системот iKnow)
  • Бројот на тикетот (6 цифри) можете да го видите во емаил пораката која ја добивте при креирање на тикетот (испратена од емаил адресата noreply@students.finki.ukim.mk):


  • Или пак ако се најавите на iKnow системот, во делот кај Пресмети од тековен семестар:
 
По успешното пополнување на податоците за неколку минути ќе Ви пристигне емаил со линк за проверка на статусот на тикетот:

Thursday, October 6, 2022

Петар Секулоски

Име и презиме: 
Петар Секулоски
Наслов: 
Тополошка анализа на податоци и примена во машинско учење
Датум: 
Friday, October 7, 2022 - 11:30

Почитувани студенти

оваа година по 16. пат се организиран најголемиот online програмерски натпревар IEEE Xtreme (https://ieeextreme.org). Минатата година учествуваа 5570 тимови од 62 земји во светот, со вкупно 12946 натпреварувачи. Право на учество на натпреварто имаат тимови од максимум 3 студенти, а услов за учество е студентите да бидат членови на IEEE. Натпреварот ќе се одржи на 22.10.2022 и трае 24 часа. Во тој период постојано се задаваат нови проблеми кои студентите треба да ги решат и постават на системот за натпреварување. 

Рокот за регистрација на студентите и тимовите е 12.10.2022 година. Регистрацијата на студентите е на сајтот на натпреварот (https://ieeextreme.org), каде има и информации и линк за зачленување. Годишната членарина во IEEE за студентите од нашата земја е 14УСД, а се плаќа online со картичка при зачленување. 

Натпреварот има и првлечни награди. Првата награда е платено учество на IEEE конференција по избор на натпреварувачите каде било во светот, со покриени патни трошоци, регистрација и сместување. Втората награда е 400УСД, а третата 300УСД. Тимовите пласирани од 4. до 10. место добиваат подароци и софтверски пакети од спонзорите, а останатите тимови до 100. место, исто така добиваат подароци од спонзорите. 

Како поддршка за учество на овој натпревар, ФИНКИ и оваа година нуди можност за рефундирање на членарината на оние студентите кои активно ќе учествуваат на натпреварот и ќе освојат поени. Исто така, факултетот во соработка со партнерските фирми, ќе обезбеди и локација за непречено одвивање на натпреварот. 

За сите прашања за натпреварот пишете на anastas.mishev@finki.ukim.mk 

1

Почитувани студенти,

Објавена е нова верзија на распоредот во која се вклучени сите предавања и вежби.

Дел од часовите ќе се одвиваат online преку BBB платформата. За пристап до овие часови, на соодветните курсеви на courses.finki.ukim.mk ќе ви бидат споделени линкови за вклучување на овие часови.

За групите кај кој што недостасуваат изборни предмети во распоредот, студентите може да се вклучат кај професорот кој им е доделен во iKnow.

Sunday, October 9, 2022

Никола Каневче

Име и презиме: 
Никола Каневче
Наслов: 
Веб страна за купување и продажба на музички инструменти
Датум: 
Friday, October 14, 2022 - 10:00

Електронски молби за промена на група и/или професор се доставуваат преку системот http://molbi.finki.ukim.mk од 10.10.2022 година до 14.10.2022 година. Промена на група и/или професор е дозволена само доколку постои преклопување со други предмети и при доставување на молбата точно се наведе за кои предмети станува збор.

Monday, October 10, 2022

Никола Бабамов

Име и презиме: 
Никола Бабамов
Наслов: 
Дистрибуирана апликација за безбедна комуникација со користење на енкрипција
Датум: 
Wednesday, October 12, 2022 - 13:30

Кристина Герасимова

Име и презиме: 
Кристина Герасимова
Наслов: 
Моја книга со рецепти
Датум: 
Monday, October 17, 2022 - 12:00