23/09/2015

Министерството за економија на Република Македонија објавува конкурс за избор на најдобри бизнис идеи. Предмет на јавниот повик е избор на 40 најдобри бизнис идеи кои ќе се здобијат со право за учество на обука во рамки на Проектот – Организирање на бизнис натпревар „ Биди перспективен започни свој бизнис“. Право на учество имаат студенти и млади претприемачи на возраст од 18 до 30 години. Повеќе детали за конкурсот можете да најдете на овој линк[PDF]. Образецот за аплицирање можете да го најдете на овој линк[PDF].
Јавниот повик за аплицирање со бизнис идеи трае до 15 март, 2015 година.