Почитувани студенти,

со цел подобро запознавање со натпреварот IEEEXtreme, во четврток (04.10), во 18:00, во организација на IEEE секцијата на Република Македонија, во Амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи кратка презентација на овој натпревар. Доколку сте заинтересирани за учество на натпреварот, ве повикуваме на оваа презентација каде ќе бидат преставени условите за учество, правилата на натпреварот и форматот на изведување. Како поддршка, ФИНКИ ќе ја рефундира членарината во IEEE и во Computer Society при IEEE на своите студентите кои се дел од петте најдобро пласирани тимови на конечната ранг листа на натпреварот. 

Линк до натпреварот на фејсбук: https://www.facebook.com/events/1901537046821886/

1