Код на предмет: 
F18L3S155
Фонд на часови: 
180
Aim of the program: 

Предметот сервисно-ориентирани архитектури има за цел да ги запознае студентите со организација, дизајн и развој на на дистрибуираните системи базирани на сервиси. Сервисно-ориентираните архитектури опфаќа теми од софтверско и системско инженерство. Од аспект на софтверско инженерство студентите ќе се запознаат со процесот на анализа и дизајн при развој на сервисно-ориентирани апликации, како и со организацијата на процесот на развој на софвер погодни за сервисно-ориентирани системи. Во поглед на системско инженерство, предметот ќе го покрие целосниот екосистем на сервисно-ориентирана и микро-сервисно ориентирана архитектура, нејзините компоненти, поврзаност, соработка и координација.