На 16 октомври 2014 година на ФИНКИ експертот од индустријата, Владимир Јосифовски, Core Network & Services Manager во ONE Telekom Slovenia Group, ќе одржи покането предавање на темата “Светот на LTE технологијата: преглед, имплементација и предизвици” во кое ќе се се даде преглед на LTE технологијата од аспект на еден оператор, заедно со предизвиците за имплементирање на сервиси во неа, како и да се отвори интерактивна сесија со студентите околу идните предизвици – трендот на конвергенција во доменот на јадрените мрежи.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти да присуствуваат на предавањето.

Предавањето ќе се одржи на 16.10.2014 со почеток во 15:00 часот во Амфитеатарот на ТМФ.