Магистерски студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2011/12 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во периодот од 12 септември до 30 октомври 2011 година.
 
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2011/2012 година ќе запише вкупно 380 студенти на магистерски студии. Заинтересираните кандидати ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
 
Едногодишни магистерски студии (4+1)
 
Студиски програми пренесени од Институтот за информатика на ПМФ
Студиски програми пренесени од Институтот за компјутерска техника и информатика на ФЕИТ
 
Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.
 
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на магистерски студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
 
Условите кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат за да се запишат на магистерски студии на ФИНКИ, се дадени во делот Услови.