Почитувани студенти, наставата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започнува во среда, 16.09.2015 година. Распоредот на часови е објавен до делот „Студии - Додипломски студии - Распоред“. Во истиот дел е објавена и распределба на студенти по групи.
 
Напомена: Распоредот е во првична верзија и можни се промени во претстојните две седмици. Затоа редовно проверувајте за нова верзија. Дефиниран е распоред на часови само за задолжителните предмети, а во текот на наредната недела распоредот ќе биде комплетиран со изборните предмети.