Последни вести

Студентски хакатон
Датум: 26.02.2015 МОФ и Хаклаб КИКА организираат студентски натпревар за програмирање на апликации.
ЕЕСТЕК Академија
Датум: 26.02.2015 Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од изминатиот семестар отпочнa со реализирање на серија на бесплатни курсеви.
Повик за грантови
Датум: 24.02.2015 Фондот за иновации објавува јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање на старт-ап и спин-оф трговски друштва и иновации.

Конкурс за стипендија за Бостон Датум: 25.04.2013

Во рамките на остварената соработка помеѓу Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-Скопје при Универитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Бостон Универзитетот и Министерството за образование и наука, со поддршка од Владата од Република Македонија, ФИНКИ на своите студенти им нуди можност да поминат еден семестар на Бостон Универзитетот. Врз основа на договорот за соработка потпишан помеѓу наведените инситуции се распишува Конкурс за избор на 5 студенти стипендисти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-Скопје. Повеќе детали за аплицирање на програмите Undergraduate MET International Partnership и Graduate MET International Partnership Program се дадени во овој документ[PDF]. Брошура и останати информации за Бостон Универзитетот можете да најдете во овој документ[PDF]
 
ВАЖНО ДОПОЛНУВАЊЕ: После спроведените консултации со луѓето одговорни за спроведување на процедурата за стипендиите од Бостон Универзитетот е одлучено сите кои ги исполнуваат условите и се заинтересирани да аплицираат на Graduate MET International Partnership Program односно Undergraduate MET International Partnership Program да го сторат тоа поднесувајќи ги сите потребни документи до 10 мај 2013, освен потврда за положен TOEFL.

Потврдата за положен TOEFL е потребно да се достави најдоцна до 1 јуни 2013 година и се испраќа на следниот код ETS (DI Code:8675).