Земајќи ги предвид различните предзнаења на ново-запишаните студенти на ФИНКИ, а со цел да им помогне во нивно полесно совладување на курсевите од првата година на студирање, Факултетот организира подготвителна настава по математика и  програмирање. Наставата претставува одлична можност студентите да увидат кои предзнаења се неопходни за совладување на курсевите од првите семестри, како и да го надополнат и освежат своето знаење од математика и програмирање.
 
Наставата по математика ќе започне на 01.09 во 10 часот и ќе се одвива во следните 5 дена (01.-05.09) во вкупен обем од 40 часа, или по 7+1 часови дневно. Наставата ќе се организира доколку се пријават доволно студенти за формирање на група.
 
Наставата по програмирање ќе започне на 09.09 во 10 часот и ќе се одвива во следните 3 дена (09.-11.09) во вкупен обем од 20 часа, или по 6+1 часови дневно. Наставата ќе се организира доколку се пријават доволно студенти за формирање на група.
 
Цената за следење на курсевите е 4000 ден. за математика и 2000 ден. за програмирање (односно цена од 100 денари по час).
 
Студентите кои планираат да проследат  некој од овие курсеви (еден или и двата) треба да се пријават најдоцна до понеделник 31.08.2015 до 16 часот со е-порака на адреса vesna.dimitrievska.ristovska@finki.ukim.mk, со назнака Подготвителна настава и да наведат дали се пријавуваат за двата предмети или за еден од нив. За подетални информации може да се обратите на истата адреса.
 
Сите студенти кои се пријавиле за следење на наставата во предвидениот рок, ќе бидат известени најдоцна до понеделник 31.08 до 18:30 со повратна е-порака на адресата од која се пријавиле, дали се активирани групите и дали наставата ќе започне.