Британскиот совет и ФИНКИ организираат серија настани за поддршка на развојот на креативните индустрии во Македонија со осврт на користење на дигитални и иновативни технологии во работата, управувањето и развојот на публика во културните институции. Првиот настан ќе се одржи во периодот од 12.00-15.00 часот во понеделник, на 14 април 2014 година.

На настанот гости предавачи од Велика Британија ќе споделат искуства за поврзаноста на културата, технологијата, иновативноста и претприемаштвото. Нивните презентации ќе се обидат да дадат одговор на контекстот и трендовите на користење на дигитални и нови технологии во уметноста и културата. Овој настан е отворен за поширока публика.

Сите заинтересирани потребно е да аплицираат за учество преку веб страната на настанот, најдоцна до 12 часот во четврток, 10 април 2014 година. Повеќе детали за настанот можете да добиете на веб страната.

Во прилог е дадена програма на настанот[PDF].