Друштвото за посредување во културата и уметноста „Соларис продукција“ ДООЕЛ Скопје, како реализатор на проект-платформата за развој на креативните индустрии и фестивал „Скопје креатива“ , нуди можност за пракса на студентите од ФИНКИ.
 
Студентите ќе бидат вклучени во изработката на софтвер за база на податоци на креативниот потенцијал на Град Скопје (графички дизајнери, уметници, изведувачи, модни дизајнери, музичари, филмски работници, компјутерски дизајн и сл) со понатамошна обработка и одржување на истиот.
 
 Студентите пожелно е да се на 3-та или 4-та година студии. Задолжително е да поседуваат сопствена опрема за работа на проектната задача. Студентите активностите поврзани со изработката на софтверот ќе ги извршуваат во канцелариите на „Скопје креатива“ кои се наоѓаат во Универзална сала-Скопје.
 

Соларис Продукција за практитантот/те обезбедува простор за работа, канцелариски маеријали и потврда за реализирана пракса.

Заинтересираните студенти, може да се пријават најдоцна до 10.08.2014 година на следната е-маил адреса production.solaris@gmail.com.

За подетално запознавање со проект-платформата за развој на креативните индустрии и фестивал „Скопје креатива“посетете ја веб страната www.skopjekreativa.mk