Фондот за иновации објавува јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање:
 
  1. КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ И „СПИН-ОФ“ -  За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 300.000 (тристаилјади евра)евра, односно 18.506.910 (осумнаесет милиони петстотини и шест илјади деветстотини и десет) денари. Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.
  2. КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ И УСЛОВЕНИ ЗАЕМИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ- За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од600.000 (шестотини илјади)евра, односно37.013.820 (триесет и седум милиони тринаесет илјади осумстотини и дваесет)денари. Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 70% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 100.000 (сто илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.
  3. КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ-  За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од400.000 (четиристотини илјади)евра, односно24.675.880 (дваесет и четири милиона шестотини седумдесет и пет илјади осумстотини и осумдесет)денари.;Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 200.000 (двесте илјади)евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Подетални информации, како и документи за аплицирање, можете да најдете на овој линк.