Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и компанијата ФХ3Х, потпишаа меморандум за соработка која ќе резултира со воведување на нови предмети во студиските програми на Факултетот, менување и прилагодување на содржините на постоечките предмети, воведување и користење на нови софтверски алатки во рамките на лабораториските вежби, сè со цел да се одговори на тековните барања на пазарот на труд.

„Соработката со индустријата е еден од главните приоритети за ФИНКИ“ вели деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов. „За таа цел направивме студиски програми кои продуцираат кадри кои ќе имаат доволно специјализирано практично знаење за да можат веднаш да почнат со работа на реални проекти во компаниите. Во оваа насока соработката ќе се одвива преку директно вклучување на компаниите во ажурирањето на студиските програми, потоа преку нивно учество во изведувањето на наставата каде експерти од ИТ индустријата ќе им предаваат на студентите за технологии кои тие ги користат. Се разбира, останува и соработката во поглед на пракси, семинарски работи и вработувања“, вели Трајанов.
 
 /> </div>
<div> </div>
<div>Денешното потпишување на соработка со ФХ3Х е посебно значајно бидејќи се работи за официјализирање на соработката со една од најзначајните македонски компании кои се извонредно успешни во светски рамки. Да се соработува со компанијата која има учествувано во изработката на Transformers, Terminator, The Golden Compass и други е посебно задоволство. Оваа соработка ќе им даде можност на нашите студенти да се зафатат со предизвикот да учествуваат во изработката на филмови кои ќе бидат видени од милиони гледачи ширум светот.</div>
<div> </div>
<div> „Посебно ме радува фактот што со ФХ3Х најдовме голем број на точки каде можеме да оствариме соработка на особено задоволство на двете страни. Покрај стандардните начини на соработка почнавме еден процес на адаптирање на еден наш студиски профил специјално за потребите на ФХ3Х, а со тоа и на потребите на филмската индустрија. Посебен предизвик ќе биде да се направат компјутерски инженери кои ќе имаат уметничка душа“, вели Трајанов.</div>
<div> </div>
<div><img style=Суперкомпјутер на ФИНКИ

Благодарение на Проектот за инвестирање на 60М ЕУР во истражувачки лаборатории на Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе го добие на управување, досега најмоќниот, кластер со високи перформанси (High-Performance cluster) во Македонија. Суперкомпјутерот се очекува да биде ставен во функција во текот на месец јануари 2012 година. Пресметковниот потенцијалот кој го овозможува кластерот, пред сè е наменет како поддршка на сите истражувачи од Македонија кои имаат потреба од пресметки со високи перформанси, како и истражувачи заинтересирани во проблемите поврзани со пресметувањето со високи перформанси. Досега македонските истражувачи, во рамките на неколку меѓународни проекти, како на пример проектот HP-SEE имаа можност да ги користат регионалните HPC ресурси. Со инсталацијата на овој голем ресурс, значително ќе се подобрат истражувачките потенцијали, не само во областа на информатиката, туку и во областите на компјутерската физика, хемија, технички науки и др.
 
 /> </div>
<p> „HPC кластерот претставува множество од 86 блејд сервери со 2x6 јадрени процесори и 24GB (Гигабајти) РАМ, или вкупно 1008 CPU физички јадра (2016 логички) и 2TB (Терабајти) вкупна РАМ меморија. ХПЦ кластерот поседува теоретски максимални 9.4 TFlops. Infiniband поврзувачката мрежа овозможува голем проток на информации меѓу процесорите, со многу мала латентност. Кластерот е производоство на Hewlett Packard, а неговата спецификација е направена во соработка со НЕОКОМ, како застапник за HP за Македонија. HPC кластерот ќе биде достапен за користење со стандардни алатки за паралелно процесирање, но во иднина се планира и негово адаптирање во HPC облак, со што би се отворила уште поголема можност за соработка со стопанството“, објасни доц. д-р Анастас Мишев, продекан за настава на ФИНКИ. </p>
</body></html>