Дали имате 21 до 30 години? Имате идеја за креативен бизнис? Дали имате намера да почнете или од скоро сте започнале свој бизнис? Дали сте дел од некој бизнис инкубатор или акцелератор, а при тоа имате и солидно познавање на англискиот јазик?

Ве покануваме да се пријавите на бесплатна тридневна обука за млади претприемачи во Скопје од 8 до 10 ноември 2016 година организирана од British Council, која ќе ја води сертифициран обучувач на Неста од Велика Британија. Очекуваме пријави од претприемачи кои делуваат во некој од креативните сектори, како што се дефинирани во листата на креативни индустрии во Велика Британија.

man_working_on_computer_630x354.jpg

Не ја пропуштајте и можноста, преку учеството на оваа обука, да се натпреварувате со бизнис идеи и да победите!

За повеќе информации, погледнете го описот на обуката и пријавете се најдоцна до 16 октомври 2016 година.

Оваа обука има за цел да даде поддршка на младите луѓе од регионот да започнат свој бизнис, како и да ги унапреди нивните вештини за вработување преку квалитетна програма на обука и искуства од Обединетото Кралство. Обуката е бесплатна за сите избрани кандидати и троќоците за нивниот учество ќе бидат целосно покриени.

Дознајте повеќе на www.westernbalkanstartups.com/Opens in a new tab or window. и следете на #WesternBalkanStartups.

0