Заверката на зимскиот и уписот на летниот семестар во учебната 2023/2024 година за студентите од II циклус на студии ќе се врши од 06.03.2024 до 12.03.2024 година од 09:00 до 12:00ч на шалтерот на Студентската служба на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Потребни документи за запишување на зимскиот семетар:

  1. Индекс
  2. Образец за заверување на семестар
  3. Образец за запишување семестар (доставуваат сите студенти кои сеуште не магистрирале,односно се запишува празен семестар)
  4. Интерен пријавен лист (само за студентите кои запишуваат предмети)
  5. Уплатница за следната рата од школарината, согласно договорот за студирање

За студенти кои преслушуваат предмет дополнително се потребни:

Уплатница (во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма)
цена на чинење на 1 кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма за едногодишните, односно 1/120 за двогодишните студиски програми.
Уплатата се врши во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата