Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2014/15 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 14 и 15 август 2014 година. Пријавувањето за вториот уписен рок на ФИНКИ ќе се одржи на 3 септември 2014 година, а пријавувањето за третиот уписен рок на 16 септември 2014 година.
 
На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование. 
 
Потребните екстерни и интерни предмети за запишување на ФИНКИ, како и начинот на предметување на поените, се дадени во делот Потребни предмети.
 
Потребните документи потребни за запишување на ФИНКИ се дадени во делот Потребни документи
 
За пресметка на бодовите од матура со кои можете да конкурирате во уписните рокови, можете да го користите online калкулаторот кој е дел од Порталот за идни студенти на ФИНКИ.
 
 
 
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2014/2015 година ќе запише вкупно 930 студенти. Повеќе детали можете да погледнете на веб страната на ФИНКИ во делот Уписи - Додипломски студии.