Медиуми и комуникации

Медиуми и комуникации

1.

Наслов на наставниот предмет

Медиуми и комуникации

Media and communication

2.

Код

F23L2S124

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Информатичка едукација,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

2 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Владимир Трајковиќ

9.

Предуслови за запишување на предметот

Вовед во компјутерски науки

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


По завршувањето на предметот се очекува студентот да ги разбира основните поими од комуникатологијата како наука, како и да има продлабочено знаење во примена на постоечките техники и сознанија за подобрување за комуникацијата помеѓу чинителите на комуникацијата. Посебен осврт ќе биден даден на комуникацијата преку новите медиуми и начинот на кој новите медиуми влијаат во различни општествени сфери. Студентите ќе бидат запознаени со основните принципи за испитување на јавно мислење и користење на новите медиуми (со посебен фокус на социјалните мрежи) за градење и промовирање на бренд (личен или корпоративен).

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Воведно предавање; Запознавање со целите и содржините на предметот, начинот на кој ќе се изведувва наставата, типот и обемот на доманите работи, есеите и проектините задачи, 2. Основни на теорија на комуникации; историски развој на комуникации; комуникации и медиуми; развој и подлеба на медиуми (традиционални, нови и ултра нови медиуми), влијание на технолошкиот развој врз медиумите и комуникациите, 3. Комуникациски модели, Тро-нивовски комуникациски модел, Нарушувања на комуникацискиот модел поради влијанија на медиумите, 4. Раскажување на приказни, Структура на приказна, Значењето на разкажување на приказни, влијанието на медиумите врз разкажувањето на приказни 5. Јавен настап, Јавен настап во име на институција или компанија, основи на односи со јавност 6. Социјални мрежи како медиум, ефект на вмреженост, влијателност наспроти популарност, 7. Анализа на јавно мнение: Потреба, принципи и пристапи; Техники и алатки за анализа на јавното мислење, Користење на нови медиуми како алатки за анализа на јавното мислење (предности и недостатоци) 8. Бренд и корпоративен идентитет и неговата поврзаност со претставување на брендот преку медиумите, Користење на социјалните мрежи како алатки за развој на брендот, 9. Граѓански активизам, медиуми и социјални мрежи; Технолоки алатки за зголемување на импактот 10. Витуелни заедници, типови и карактеристики, виртуелни светови, Основи на кибер култура 11. Игри како медиуми; Од игри до гејмификација; Примена на гејмификација 12. Феномени што произлегуваат од социјалните мрежи, технофилија, зависност од технологија, технофобија Вежби: 1. Утврдување на алатки за комуникација во текот на семестарот, дефинирање на критериуми за добро изработени анкети и есеи 2. Практични вежби за илустрација на различни комуникациски техники 3. Практични вежби за илустрација на комуникациските модели 4. Практични примери за примена на раскажување на приказни 5. Анализа на јавни настапи, студии на случај 6. Практични вежби за илустрација на ефектите на социјалните мрежи, Студии на случај 7. Анализа на студии на случај, дефинирање на хипотези, дефинирање на одбирок на испитаници, примена на алатки за статистичка анализа на резултатите 8. Студии на случај 9. Анализа на студии на случај 10. Студии на случај 11. Студии на случај 12. Анализа на студии на случај (На пример, лажни вести)

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

20 бодови

17.4.

Завршен испит

20 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување настава (до 3 отсуства), навремно доставување домашни задачи, семинарски работи, дискусии на форум и проект

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4486

Robert Hassan, Julian Thomas

THE NEW MEDIA THEORY READER

Open University Press

2006

4487

David Holmes

Communication Theory Media, Technology, Society

SAGE Publications

2005

4488

Jan A.G.M. van Dijk

The Network Society: Social Aspects of New Media

SAGE Publications

2006

4489

Повеќе автори

Научни трудови и интернет блогови

разни извори

2017

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година