Последни вести

Пракса во 6PM
Датум: 18.05.2012 Kомпанијата 6PM објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Пракса во Smart Solutions
Датум: 17.05.2012 Компанијата Smart Solutions има потреба од практикант - асистент на работната позиција Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
Работа во MBS
Датум: 14.05.2012 Kомпанијата MBS - Македонски Бизнис Системи објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Windows Phone предизвик Датум: 01.02.2012

Факултетот за информатички науки и компјутерскo инженерство ги поканува своите студенти да земат учество во првиот Windows Phone програмерски предизвик, организиран од страна на Microsoft и T-Mobile. Натпреварот започнува на 01.02.2012, а ќе трае до 15.04.2012 година.
 
Најдобрите апликации ќе бидат наградени со HTC телефони со Windows Mobile оперативен систем, а дел од останатите апликации ќе добијат можност да бидат промовирани во Windows Phone и T-Mobile рекламни кампањи, вклучувајќи банери, јавни објави во медиумите, настани и социјални активности.
 
Правилата на натпреварот можете да ги погледнете на следниов линк.
 
Во рамки на предизвикот ќе биде организиран дводневен камп за програмирање кој ќе се одржи на ФИНКИ, а на кој учесниците ќе можат да научат како да креираат Windows Phone апликации.
 
Алатки и ресурси за Windows Phone програмирање, како и дополнителни информации за натпреварот, можете да најдете на официјалната веб страна на предизвикот.