Последни вести

Пракса во 6PM
Датум: 18.05.2012 Kомпанијата 6PM објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Пракса во Smart Solutions
Датум: 17.05.2012 Компанијата Smart Solutions има потреба од практикант - асистент на работната позиција Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
Работа во MBS
Датум: 14.05.2012 Kомпанијата MBS - Македонски Бизнис Системи објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Стипендии за Осло, Норвешка Датум: 20.02.2012

Универзитетот во Осло, во рамките на соработката на Норвешка и Македонија, односно соработката со УКИМ, нуди до 6 комплетни стипендии на студиските програми од втор циклус по информатика, за зимскиот семестар 2012-2013, за студенти на втор циклус (4+1) на ФИНКИ.
 
Сите заинтересирани студенти, најдоцна до 05.03.2012 да достават пријава до ФИНКИ, во која ќе наведат:
 
  • на која студиска програма студираат и во кој семестар, 
  • која студиска програма ја завршиле на додипломски студии, 
  • просек на додипломски студии
  • список на положени предмети со оценки на втор циклус.
  • телефон или е-mail за контакт.
 
Освен академските постигнувања, кандидатите треба да полагаат или да имаат положено IELTS тест за познавање на англиски јазик со најмалку 6.
 
Информации за стипендиите можете да најдете на брошурата дадена во прилог. Истата може да ја подигнете и во службата за студентски прашања на ФИНКИ на ТМФ, или во соба 161 на ПМФ.
 
За подетални информации околу програмата можете да се обратите до проф. д-р Жанета Попеска, на zaneta.popeska@finki.ukim.mk.