Почитувани матуранти, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржува подготвителна настава по математика. Содржината на предавањата ќе биде од математиката која што се учи во средните училишта за која студентите на ФИНКИ имаат потреба.
 
Наставата ќе се одржи во 10 дена со по 4 часа настава дневно (вкупно 40 часа) во деновите 29.-31.08, 01.09 и 03.-08.09 2012 година, во просториите на ФИНКИ. 
 
За секоја одбработена тема слушателите ќе добијат подготвен писмен материјал поставен на веб страната на ФИНКИ. По 19тиот и 39тиот час слушателите ќе бидат тестирани од претходно поминатиот материјал.
 
Слушателите ќе добиваат домашни задачи во текот на секој ден, со тоа што должни се решенијата да ги достават во наредниот ден.
 
Наставата ќе се одвива во групи од по 25-30 слушатели. Цената на подготвителната настава е 4000 денари, што се уплаќа на сметка на ФИНКИ 1600161700-788-13, со назнака за подготвителна настава по математика. Приходната шифра е 723012. Пример како треба да биде пополнета уплатницата можете да видите на сликата прикажана подолу.
 
Пријавените треба да ги достават уплатниците кај Снежана Ристеска во приземјето на деканатот на ФИНКИ на 29ти август во 8:30 часот, а од 9:00 часот ќе се почне со првиот час.
 
 width=