На 29ти октомври (четврток) од 13.00 до 14.00 часот Амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи предавање од претставници на Endava. Предавањето е на тема „ Testing and Quality assurance-Automation testing fundamentals“ и ќе го одржи Денис Бојковски. Краток опис на предавањето: Презентацијата би започнала со светски трендови како “Continuous Delivery” и колку е важно да се автоматизираат Unit тестовите. Ќе биде истакната важноста на автоматизацијата на “Regression pack” што вклучува автоматизација на интеграциските тестови како и GUI тестовите. Исто така ќе биде даден краток осврт на “Return of investment for automation testing” за на крај презентацијата да заврши со презентација на практичен пример со помош на custom framework кој е развиен од страна на Денис Бојковски. Така би се прикажале и објасниле некои од предизвиците кои настануваат при автоматизација на тестовите. Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат.