По втор пат се докажа квалитетот како на наставничкиот кадар така и на нашиот образовен систем во светски рамки. На натпреварот за иновативни наставници ораганизиран од Microsoft Partners in Learning Global Forum кој се одржа во Прага, Р. Чешка од 28 ноември до 1 декември 2012 година, Македонија го освои второто место во категоријата „Избор на наставниците“ (Educators` Choice). Оваа награда ја добија претставниците од Македонија, Софија Грабулоска и Дарко Талески наставници во основни училишта од Прилеп, во конкуренција на 113 проекти од 80 земји од целиот свет. Тие учествуваа со училишниот проект со наслов 'FUN, EDUCATION, STOP MOTION ANIMATION'. На учеството на овој најголем настан од областа на основното и средното образование претходеше освоеното прво место во истата категорија „Избор на наставниците“ (Educators` Choice), на Европскиот Форум, во Лисабон, Португалија кој се одржа во месец март 2012 г.

Наградениот проект 'FUN, EDUCATION, STOP MOTION ANIMATION', се реализира 3 години. Автор на истиот е Дарко Талески, наставник по ликовно образование, а како соработници се Софија Грабулоска, наставник по ликовно образование, Зорица Трајаноска, наставник по англиски јазик, Драгица Здравеска, наставник по англиски јазик и Мирјана Тромпеска, наставник по математика, сите од Прилеп. Во проектот дополнително беа вклучени уште 30 други наставници од Македонија. 
 
Основата на проектот е правење на stop motion анимации кои обработуваат наставни содржини од 12 наставни предмети во основното образование. Беа изработени повеќе од 66 анимации, во чија што изработка беа вклучени повеќе од 500 ученици. Во проектот беа вклучени и претставници од ФИНКИ, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство од Скопје, Бојан Костадинов и Никола Мијановиќ и изработија цел систем кој се состои од: Windows Phone 8 апликација која ги предава фотографиите на веб апликација во која се креираат анимациите.

Stop and motion веб апликацијата можете да ја погледнете тука. http://sma.finki.ukim.mk

 
Подолу можете да видите фотографии од настанот.
 
 align=
 
 align=
 
 align=