СП ФИНКИ целосно поддржан од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Seavus Education and Development Center го организира својот прв бесплатен академски настан.

DIGIT претставува едукативен настан на тема IT Graphics & Design. Благодарение на овој настан, учесниците ќе успееат да ја развијат нивната креативна страна, а воедно ќе можете да работат на реални проблеми и задачи од темите кои што ќе бидат опфатени за време на секојдневните работилници и предавања.

Настанот ќе биде организиран во периодот од 25 до 30 ноември, големо отворање на настанот ќе биде на 25.11.2013, понеделник, во амфитеатарот на ТМФ со почеток во 11:00 часот. Предавањата и работилниците ќе се одржат во просториите на Seavus Education and Development Center.

Пријавувањето трае до 20.11.2013, среда, до 23:59.

Подетални информации можете да најдете на веб страната на DIGIT, на Facebook фан страната или на Facebook настанот.