Последни вести

Пракса во 6PM
Датум: 18.05.2012 Kомпанијата 6PM објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Пракса во Smart Solutions
Датум: 17.05.2012 Компанијата Smart Solutions има потреба од практикант - асистент на работната позиција Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
Работа во MBS
Датум: 14.05.2012 Kомпанијата MBS - Македонски Бизнис Системи објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Оглас за мали демонстратори Датум: 08.02.2012

Врз основа на одлуката од Деканатската управа донесена на 08.02.2012 година за потреба од демонстратори за лабораториски вежби на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, деканот на Факултетот распишува интерен Оглас за избор на демонстратори за лабораториски вежби.

Се повикуваат заинтересираните студенти за демонстратори за лабораториски вежби во зимскиот семестар да се пријават на огласот. Може да се пријават актуелни студенти кои имаат положено повеќе од 150 кредити или завршени студенти, сите со просек над 8,5.

Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV) и список на положени предмети и оценки.

Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса contact@finki.ukim.mk со назнака [demonstratori], најдоцна до петок, 10.02.2012 година до 14:00 часот.

Факултетот го задржува правото да ги ангажира дел од пријавените демонстратори согласно потребите за одржување на лабораториските вежби.

Огласот во изворен формат е даден во прилог.

Прилог: Оглас за избор на демонстратори за лабораториски вежби