22/02/2013

Во период од 18 - 21 април 2013 година, ќе се одржи јубилејната 10-та Конференција за информатика и информатички технологии - CIIT 2013, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во работата на Конференцијата ќе учествуваат околу 80 научни работници од земјава и од странство.
Главната цела на настанот е приближување на индустриските и академските експерти преку презентирање и дискусија на релевантните истражувачки и апликативни проекти. Темите на Конференцијата вклучуваат:
- eWorld - eWork, eCommerce, eBusiness, eLearning
- Вештачка Интелигенција, Роботика, Биоинформатика
- Мултимедија и дигитализација
- Компјутерски мрежи
- Компјутерска архитектура и паралелно процесирање
- Дистрибуирани системи, Грид пресметки и Пресметки во облакот
- Безжични и мобилни мрежи
- Безбедност и криптографија
- Процесирање на сигнали
- Теоретски основи на информатиката
Крајниот рок за испраќање на целосен труд до програмскиот комитет е 1 Март 2013.
CIIT2013 ги поканува сите заинтересирани да предложат специјална сесија работилница. Предлогот мора да биде доставен најдоцна до 1 Март 2013.
Поважни датуми:
Предлог за работилница: 1 Март 2013
Испраќање на труд: 1 Март 2013
Известување за прифаќање: 10 Март 2013
Целосно подготвен труд за конференцијата: 20 Март, 2013
Повеќе информации за Конференцијата може да најдете на следниов линк или преку контакт на e-mail адресата //ciit@finki.ukim.mk';
// -->
' target='_blank'>
.