Во четврток, 26.04.2012 во периодот од 10 до 12 часот на ФИНКИ, во амфитеатарот на ТМФ ќе се одбележи иницијативата 'Girls in ICT 2012' која е поддржана од Обединетите нации и ITU (International Telecommunication Union).

Целта на иницијативата е зголемување на свесноста кај младата популација за продолжување на високото образование на ИКТ факултети. Општо познато е дека ИКТ е една од индустриите со најбрз раст во светот, како и индустија во која побарувачката за работна сила постојано расте. Со зголемување на бројот на девојки кои се запишуваат на ИКТ факултети ќе се обезбеди балансирана родова распределба и ќе се зголеми бројот на дипломирана ИКТ работна сила.
 

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница на иницијативата.