Subject
Научно програмирање и нумерички симулации
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Научно програмирање и нумерички симулации Scientific programming and numeric simulations |
||||||||||||
| 2. | Код | m23_w_043 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 10 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Боро Јакимовски, Горан Велинов, Владо Спиридонов | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | — | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Цели на предметната програма (компетенции): Воведување во практична примена на разни техники во научното програмирање. Изучување на најчестите проблеми кај научното програмиње и на соодветните библиотеки за решавање на истите. Паралелизација на постојните решенија со користење на модели на дистрибуирана и споделена меморија како и GPGPU. Изучување на тековните трендови во дистрибуираното (Грид) пресметување и начини на нивно искористување кај научното програмирање. По завршувањето на курсот, се очекува студентот да е во можност да имплементира паралелно или дистрибуирано решение на поставени научни проблеми со користење на јавни научни библиотеки. На овој лабораториски курс, студентите ја симулираат атмосферата користејќи современи нумерички модели и гридови за предвидување на времето (WRF) и ја истражуваат физичката и нумеричката основа на системот на равенки и нумеричките методи што ги поддржуваат нумеричките модели за предвидување на времето. Во прилог на развој на технички вештини со WRF и визуелизирање на излезните податоци од моделот со Python, студентите истражуваат апликации на нумеричко моделирање на атмосферата во ограничена област со самостојна подготовка на нумерички експерименти и симулации на атмосферските појави и системи, циклони, урагани, тајфуни, бури како и процеси поврзани со аерозагадување, транспорт на песок, вулкански ерупции и сл. |
||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Содржина на предметната програма: - Паралелно процесирање со споделена и дистрибуирана меморија - Дистрибуирано процесирање - GPGPU процесирање - Извори на грешки - Основна нумеричка анализа - Научни библиотеки за линеарна алгебра - Нелинеарни оптимизации - Решавање на динамички системи - Монте Карло метод -Вовед во напреден атмосферски модел -Компајлирање и конфигурирање на најнова верзија на моделот -Иницијализација, почетни и гранични услови, асимилација на податоци (pre-processing); -Нумеричка интеграција (processing) -Визуелизација на излезни продукти (post-processing); -Верификација на резултатите. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 45 + 15 + 30 + 50 + 40 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | реализирани активности | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|