Subject
Откривање на знаење за бизнис процеси
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Откривање на знаење за бизнис процеси Discovery of knowledge about business processes |
||||||||||||
| 2. | Код | m23_w_042 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 10 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Георгина Мирчева | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | — | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Во овој курс се изучуваат техниките за откривање на знаење за бизнис процеси со што се врши автоматко откривање на моделите на бизнис процеси базирано на податоци за минатите настани од процесот. Овој курс ги обединува податочното рударење и моделирањето на бизнис процеси што може да се примени за автоматско откривање и подобро моделирање на бизнис процеси. Ќе бидат разгледани различни техники кои користат податоци за минатите настани и ќе бидат применети на реални апликации. По завршување на овој курс студентите ќе имаат продлабочени знаења за интелигентно моделирање на бизнис процеси, ќе знаат да изберат соодветни техники и да ги применат истите во реални апликации. Студентите ќе стекнат практично знаење преку анализа на студија на случај. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Бизнис процеси, вовед, концепти, фази во менаџирање на бизнис процеси. Преглед на јазици за моделирање на бизнис процеси. Моделирање на бизнис процеси. Прибирање и репрезентација на податоци за бизнис процеси. Логови од настани на бизнис процесот, содржина и формат. Алгоритми за откривање на тек во бизнис процеси, идентификација на настани и одлуки, и одредување на веројатности за нивно појавување. Автоматско откривање на ресурси и нивна комуникација. Типови на проблеми за рударење на бизнис процеси. Откривање на знаење за бизнис процеси, вовед, техники и апликации. Откривање на бизнис процеси базирано на генетски алгоритми. Откривање на бизнис процеси базирано на матна логика. Проверка на коректноста. Идентификација на тесни грла. Подобрување на модели на бизнис процеси. Ре-дизајн на бизнис процеси. Анализа и евалуација. Мониторинг и контрола на бизнис процеси. Операциона поддршка. Софтверски алатки за откривање на знаење за бизнис процеси. | ||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, практични вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | реализирани активности | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|